• Сподели на:

Доколку имате проширени пори – еве решение

___

Проширените пори се нормална појава, иако на изглед се многу непривлечни. Најприметни се оние во пределот на таканаречените Т-зони. Тие настануваат од зголемена работа на лојните жлезди, а доколку дојде до нивно запушување се развиваат митесети или акни.

Најчест причинител на проширените пори е генетиката, а потоа и мрсната кожа на лицето, хормонален дисбаланс, пубертет и менопауза, неадекватна нега на лицето, пушењето….

Како визуелно да ги стесните? Негата на лицето е на прво место. Порите ќе изгледаат неприметни ако кожата се чисти редовно и ако се отстрануваат мртвите ќелии. Пилингот на лицето мора да го правите еднаш неделни, а повремено би требало да користите и маски за лице кои ги чистат и ги намалуваат порите. Маските користете ги еднаш во две недели за да не ја нарушите природната РН вредност на кожата.

Маски и трикови – Белката од јајце ефикасно ја затегнува кожата и доколку никогаш не сте ја пробале за оваа причина, би требало да ја испробате.  Ќе бидете пријатно изненадени. Изматете една белка и малку лимонов сок, потоа таа смеса нанесете ја на лицето. Оставете да се исуши, па потоа измијте се.

Исто така. Одлична маска за пори може да направите од сода бикарбона. Измешајте сода бикарбона со малку вода. Добиената смеса нанесете ја на лицето, масирајте го лицето половина минута со кружни движења па потоа измијте се.

Одличен сојузник во борбата против порите е и јогуртот. Јогуртот има двојна улога – го чисти лицето и ги намалува порите благодарејки на млечните киселини. Една лажица јогурт нанесете ја на лицето да делува 10 минути потоа само избришете се со мокра крпа и измијте се.

Мразот ги намалува порите но само моментално. Идеално време да го користите пред нанесување на шминка. Земете една коцка мраз и истријте на местата каде порите ви се најизразени. Немојте да го држите мразот предолго на лицето, да не ја надразните кожата и да предизвикате црвенило.


Оставете коментар

___