Веќе е познато дека во светот постојат различни третмани за убавина, како убод од пчели или измет од ластовица, а сега животните се најдоа и во понудата на салоните за маникир. Најновиот тренд во Њујорк е маникирот и педикирот од змиска кожа.
Идејата змиската кожа да ја ставите на ноктите е на сопственичката на еден салон за убавина, која на ова се сетила кога нејзиниот син и донел кожа која змијата ја исфрлила.
Третманот на нанесување не е воопшто лесен и може да трае и повеќе од половина час, бидејки кожата се сече за совршено да го прекрие секој нокт, а залепена е на гелот за нокти.

You must be logged in to post a comment Login