Сите оние кои го пробале овој пијалок, гарантираат дека помага при слабеење, но и ја одржува витката линија. Немојте да се исплашите кога ќе видите кои состојки се потребни. Според повеќето, за овој пијалок се потребни:
- 1 лажица јаболков оцет
- Половина лута мелена пиперка
- Сок и кората од еден лимон
Прво изрендајте ја кората од лимонот и прелијте ја со 240 ml врела вода.Потоа, по 10 минути додајте го сокот од лимонот, јаболковиот оцет и мелената пиперка. Измешајте пред секоја голтка и пијте го пред и после секој оброк. Прашањето е, зошто овој пијалок е добар за слабеење?
Објаснувањето е едноставно. Мелената пиперка помага при варењето на храната, го забрзува метаболизмот и стимулира за согорување на мастите. Капсаицинот од пиперката стимулира нервен живчен состав да произведува топлина во организмот која поттикнува за забрзано топење на калориите. Лимоновиот сок за успорува таложењето на мастите, а неговата кора содржи полиосанол, состојка која помага за топење на вишокот килограми. За крај, јаболковиот оцет помага нашиот организам добро да го распредели вишокот на масти во организмот.

You must be logged in to post a comment Login