Доколку сте се запрашале како тоа јапонките имаат преубава кожа и младолико лице тајната се крие во оризот, а ние ви го даваме рецептот за одлична маска која можете да ја ставате на кожата два до три пати неделно…
Дали сте знаеле дека оризот се смета за козметичко средство кое лекува? Богат е со витамини од Б групата кои го стимулираат растот на клетките, го успорува нивното стареење и го подобрува снабдувањето на крв во кожата- одлично средтсво за сјаен изглед на лицето. Користен многу векови, посебно е ценет во рецептите на јапонските убавици. Наоружајте се со тајните на убавина и младост на јапонските жени и спречете го предвремено стареење на кожата.
За да ја одржат кожата во беспрекорна состојба и да го спречат предвременото стареење, јапонките користат маска од ориз. Оваа лековита маска со ориз, млеко и мед ќе ви стане омилена затоа што по нејзина употреба кожата станува нежна, многу мека, свилена и сјајна.
Подготовка:
Земете 2-3 супени лажици ориз и згответе го на вообичаен начин, додека добро не омекне. Одварот кој ќе го користите подоцна, исцедете го и ставете го во посебна чинија.
Сварениот ориз исперете го со вода и додајте 1 супена лажица топло млеко во него. Мешајте ја смесата додека не се изедначи и додајте 1 супена лажица мед. Маската нанесете ја во дебел слој на исчистеното лице и вратот. По половина час внимателно тргнете ја маската и измијте го лицето со одварот. Одварот се припрема така што билката се става во ладна вода, се загрева и на крајот врие.
Освен горенаведените корисни особини на оризот, неговиот одвар одлично ја хидрира кожата, содржи антиоксиданси и поседува апсорбирачко својство на ултравиолетовите зраци. Покрај тоа во состојба е да го поврзе бакарот, го успорува формирањето на меланинот и со тоа спречува настанување на пигментни флеки. Одварот можете да го чувате во фрижидер 4 дена. Користете го наутро и навечер како лосион за лице. Можете да го замрзнете и да го користите како коцка мраз за бришење на лицето.

You must be logged in to post a comment Login