• Сподели на:

Бронзена омбре шминка за гламурозен изглед

___

Изгледајте гламурозно со овој мега-популарен бронзен омбре начин на шминкање, совршен за актуелната сезона.

Откако ќе ставите течна пудра на целото лице, со помала четка нанесете руменило во сјајна бронзена боја на горниот дел од образите.

Потоа, со четкичка почнете да нанесувате кафеава крем- сенка по линија на очните капаци со акцент на крајот од окото. Потоа, со прст ставете бронзена сенка на средината на капакот.

По рабовите на горниот и долниот капак на окото нанесете кафеав ајлајнер за да добиете нежен и софистициран изглед. На крај, ставете маскара.

За усните одберете суптилен изглед кој најдобро се постигнува со светло розова боја на кармин, бидејќи акцентот треба да е на очите.

2

 

 


Оставете коментар

___