• Сподели на:

Богата зимска маска за лице

___

На кожата во зима и е потребна богата нега. Ладното време и ветерот ја суши кожата и ја прави осетлива. За да го спречите тоа, најдобро е еднаш неделно кожата да ја “почастите” со хранлива маска која ќе ја обезбеди потребната влага и нега. Ова е едноставен рецепт за богата маска за која кожата ќе биде хридрирана, затегната, сјајна и нежна.

Потребни ви се банана и павлака. Половина банана изгмечете ја и измешајте ја со лажица паблака. Маската нанесете ја на чиста кожа на лицето и вратот и оставете ја да делува половина час. Измијте ја со млака вода, нежно исушете, па потоа на кожата нанесете вообичаена хидратантна крема.


Оставете коментар

___