Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Бело моливче или туш?

Иако во мода кај младите е користење на црниот ајлајнер без разлика дали е ден или ноќ.

Но, дали сте се обиделе да користете бел ајлајнер? Постојат неколку трикови што можете да ги изведете со помош на белото моливче и денеска е денот кога ќе ги откриете.

Зошто бело моливче?

Како и вообичаено, на капакот ставете сенка. Белото моливче убаво наострете го и исцртајте тенка линија што поблизу до трепките, исто како кога ставате туш. Линијата нека го следи окото, а на крајот можете да направите и мал шпиц. За уште поуникатен изглед, веднаш над белата линија нацртајте црна, но внимавајте да не ги размачкате. Ваквата шминка можете да го сретнете речиси во секој светски магазин или модна ревија. Ставете два слоја маскара и ќе изгледате поинаку привлечни.

Бело моливче за под око

Наместо под окото и под него да ставате од црниот креон, овој пат обидете се со бел. Ова е одличен трик за наутро кога очите изгледаат уморно и кога се вцрвенети. Белата линија во окото ќе ги отвори и тие ќе изгледаат свежи и сјајни.

Како да го нанесете: Наместо со прстот да ги тегнете подочниците, за полесен пристап, испружете го показалецот под окото, благо притиснете и линијата сама ќе се преврти кон надвор. Сега лесно ќе можете да поминете по неа со белото моливче.

Бело моливче за изедначување на очите

Ако убаво се загледате во огледало, ќе видите дека десното око е поголемо и поотворено. Кај некои девојки таквата разлика е речиси незначителна, но има и такви кај кои се забележува оддалеку. Но, и за тоа постои трик. Во позатвореното око ставете бело моливче, така тоа ќе се отвори и ќе се изедначи со другото.

Бело моливче како додаток

Освен како доминантна шминка, белиот ајлајнер ќе ви користи и во постигнувањето нијанси или истакнување конкретни делови на окото. На пример, нашминкајте го окото по ваша мерка и на крајот истакнете ги краевите или почетокот на окото. Така ќе добиете нежен поглед и сензуално влажно око.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...