• Сподели на:

Бебешко масло – сојузник на вашата кожа

___

Сигурно некаде во домот имате бебешко масло – дури и ако немате бебе. Маслото е одлично за бебињата бидејќи ја прави кожата мека и нежна. Наша препорака е и вие да го користите на следниве начини:

     face-wipes

Отстранување на шминка

Со помош на неколку капки бебешко масло, за само неколку секунди може целосно да ја отстраните водоотпорната шминка. Маслото е подобро од класичните производи за отстранување на шминка, бидејќи делува брзо и ја негува кожата.

86536026

Отстранување на лепак од трепките

Вештачките трепки изгледаат супер, но лепакот со кој се нанесуваат често може да се задржи дури неколку дена на очите. Ќе го отстраните без проблем со помош на бебешко масло, а истото важи и  за остатокот од лепакот на ноктите или образите по нанесување на вештачките трепки.

bodycaretips

За кожата на телото

Бебешкото масло може да се нанесува на кожа, но се впива подолго и често остава таги на облеката. Попаметно е да ставите неколку капки во лосионот за тело и таа мешавина да ја намачкате на кожата.

403EEBC112EA4455FD3C551C64E42FD7

Мазни нозе после бричење

Бебешкото масло ја смирува кожата, затоа е добро да се нанесе на кожата после отстранување на влакненцата. Освен тоа што го смири црвенилото, вашите нозе ќе бидат мазни и негувани.

TBE_05191

Купка од масло

Бебешкото масло слободно може да го додадете во када со топла вода или во вашата купка. Доволно е количество од четрврт капаче за да се истури во купката.

130831-6556

Во борба против стриите

Стриите настануваат кога кожата се растега и тоа најчесто се случува во бременоста. Со редовно нанесување на бебешко масло на критичните зони, ќе ја спречите оваа појава.


Оставете коментар

___