• Сподели на:

Beauty трикови на холивудските диви

___

Како да не бидеме инспирирани на нежноста на Грејс Кели, заводливи како Софија Лорен или префинето како Обри Хепбурн? Икони кои евоцираат совршенство, а во исто време и исклучителна сензуалност. Бледата кожа, мат сенката и црниот молив за очи се идентификатор на префинет изглед на оваа деценија.

Доколку сакате да го копирате овој изглед, заборавете на темните бои. Повторно земете ги пастелните и женствени нијанси на сенки, лакови и кармини. Оваа шминка е идеална за сите жени со посветол тен.

  1. Изедначете го тенот со пудра или ВВ крема па потоа коректор . Немојте да претерувате со количината.
  2. Очите благо исенчајте ги со сенка, со кафена, сива или синкаста нијанса.
  3. Во внатрешноста на долниот капак од очите нанесете бел молив, а од надворешната страна повлечете тенка линија со црн туш.
  4. Да трепките нанесете црна маскара.
  5. Веѓите средете ги со помош на молив или сенка за веѓи.
  6. На усните нанесете кармин во нежна розевкаста нијанса.
  7. На јаболчниците ставете малку руменило.
  8. Со хајлајтер нагласете ја јаболчната коска, носот и делот испод веѓите.

Напомена: со ваква шминка одлично стои секси натапирана фризура.

 


Оставете коментар

___