Убавата кожа е резултат на здравата исхрана, добра хидратантност на телото и одговарачки козметички режим. За да нбрзина го вратите сјајот на вашата кожа, послужете се со овие делотворни пијалоци кои можете да ги направите и во вашиот дом.
Обична вода – Во рамномерни интервали дневно пијте по 8 чаши обична негазирана вода. Ништо не ја освежува кожата како водата. Таа го одржува еластицетот на оптимално ниво и така го креира здравиот изглед.
Водена инфузија со свежа краставица – Краставиците содржат 90 % вода, поради која се наметнува како одличен сојузник во хидратација на кожата. Покрај тоа, тие се богати со минерали како магнезиум и калиум кои го одржуваат ph нивото. Затоа е добро пред спиење да испиете чаша обична вода во која сте исецкале или издробиле половина свежа краставица и малку лимонов сок.
Сок од шипка – Навечер испијте чаша природен сок од шипка. Шипката е намирница со големо количество на витамин Ц, каде има двапати повеќе антиоксиданти од зелениот чај. Тој помага за уцврстување на тонусот на кожата.
Пијалок од кељ – Утрото започнете го со вкусен и здрав пијалок од кељ. Кељот е мултивитаминска намирница за кожата. Измешајте 200 грама свеж кељ во листови со 100 ml природен сок од зелено јаболко, мало стебло целер, една лажица исцеден сок од лимон и неколку коцки мраз.
Соино млеко – Наутро испијте кафе со млеко од соја. Флавонидите од сојата го одржуваат колагенот во кожата и така спречуваат појавување на бори.
Зелен чај – Напладне испијте две шолји зелен чај. Тој е преполн со антиоксиданси како полифенол кој ја штити кожата од штетните UV зраци и ја намалуваат опасноста од изгореници. Покрај тоа, помага и во намалување на црвенило на лицето и други евентуални запаленија.

You must be logged in to post a comment Login