• Сподели на:

5 несовршености кои машките ги обожаваат

___

Женската самокритичност понекогаш ги поминува си граници на реалноста. Иако естетската хирургија е се по популарна и сите сакаат да изгледаат совршено, постојат ситни женски неправилности кои машките ги сметаа за симпатични и заводливи.

Ако сте помислиле дека сите мажи сакаат совршени жени, без целулит и стомак, со големи гради и мал струк, се лажете, затоа што мажите ширум светот секојдневно се заљубуваат во жени од сите типови на конфекциски броеви. Прочитајте ги овие 5 симпатични неправилности кои машките ги обожаваат.

1. Неправилен нос

Популарниот грчки профил не го сакаат единствено жените. Малку искривен нос не е никаков проблем и не би требало да биде комплекс, затоа што мажите ова го сметаат за многу симпатично.

2. Стомак

Женските облини никогаш не биле проблем, па така ниту стомакот. Мажите го сакаат женското тело со сите негови мани и доблести.

3. Мали гради

Иако повеќето мажи сонуваат за големи гради, мали гради не се ништо помалку заводливи. Бројни анкети покажале како голем број мажи ги сметаат малите гради за многу секси, посебно кога се нагласени со длабоко деколте, или пак без градник.

4. Ноншалантен изглед

Иако сјајна, миризлива, исфенирана коса и уредни нокти им се многу привлечни на мажите, оној опуштен изглед, со разбушавена коса, широка маица и лице без шминка може да биде еднакво примамливо и заводливо.

5. Разделени предни заби

Vanessa Paradis, Lara Stone, Madonna i Georgia Jagger се само дел од познатите убавици кои го воодушевиле овој свет со прекраното лице но и неправилностите кои ги буткаат мажите на колена. Не очајувајте по холивудски осмех и искористете ги ситните недостатоци, претворете ги во убиствено средство за заведување.


Оставете коментар

___