• Сподели на:

5 намирници кои ги бришат годините

___

Овие намирници се природни лекови против стареењето на кожата и забите. Можно е некои од нив да сакате да ги јадете, но не сте знаеле за овие нивни својства. Погледнете кои се тие намирници кои можат како магично стапче да избришат неколку години од вашето лице.

1. Каша од овес – Избегнувајте инстант варијанта на каша од овес, туку определете се за онаа која самите треба да ја спремите. Самата каша кога ја правите содржи многу амино киселини и витамин Е кои ја хранат кожата, се борат со штетното УВ зрачење и со слободните радикали.

2. Кафе – Кофеинот помага и ги стимулира крвните садови, поради што кожата делува помлада и поздрава. Затоа, уживајте во голема шолја омилено кафе и ќе се чувствувате одлично.

3. Моцарела сирење – Белите заби можат за момент да намалат неколку години на лицето. Храната богата со калциум, како моцарелата, ја штити и зајакнува забната глеѓ. Исто така придонесуваат и на лачење на плунка, што помага за уништување на бактериите од забите кои со тек на време може да пожолтат.

4. Грејпфрут – Грејпфрутот е полн со витамин Ц кој потпомага на правење на колаген и спречува опуштање на кожата.

5. Ореви – Оревите се богати со омега 3 масни киселини кои ја хидрираат кожата одвнатре и ги намалуваат борите. Ставете неколку ораси во салата за уште подобро дејство на вашата кожа.


Оставете коментар

___