Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

5 Грешки кои ги правите при утринското чистење на лицето и шминкање

Секогаш причекајте барем 3-4 минути по нанесувањето на кремата, затоа што ќе направите 2 проблеми.

Вечерниот ритуал за чистење на лицето е секако најважен, но тоа не значи дека изгледот на својата кожа не можете случајно да го влошите правејќи грешки при утринската рутина. Ова се 5 највообичаени лоши постапки кои понекогаш се прават наутро.

  1. Не го чистите лицето – Миење со обична вода можеби е доволно за среќниците кои имаат беспрекорен тен, но ако имате проблематична кожа, лицето се чисти нежно со блага пена наутро. Цела ноќ се собира прашина од перницата, и тоа многу повеќе ако спиете на стомак или странично, а притоа кожата лачи и себум…
  2. Не нанесувате хидратантна крема – “Зашто да се става, кога на мојата пудра пишува дека е хидратантна?” Но тоа не е доволно за кожата. Ниту една пудра неможе адеквантно да ја замени кремата која вашата кожа ќе ја заштити од дехидрација, пертање и бори кои би можеле да настанат во иднина.
  3. Ставате пудра веднаш по нанесување на крема – Секогаш причекајте барем 3-4 минути по нанесувањето на кремата, затоа што ќе направите 2 проблеми. Кремата нема да стигне да се впие во кожата па така кожата нема да добие се што и е потребно, а пудрата ќе се слизне и ќе ја снема од лицето и тоа за неколку часа. Сигурно тоа не го сакате.
  4. Се шминкате под лошо светло – Знаеме дека е невозможно да се набави совршено осветлување, но барем погледнете накај прозорот на мало огледало пред да излезете од дома. Под лошото осветлување многу е веројатно да сте нанеле повеќе шминка отколку што е потребно.
  5. Ги чупате веѓите набрзина – Влакна тука, влакно таму само да го поправам… и катастрофални веѓи се веќе тука. Чупањето на веѓите оставете ги за попладне или пак навечер – кога ќе имате повеќе време да постигнување на идеалниот изглед.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...