Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

4 златни правила за совршена и затегната кожа

Затегната кожа на лицето која делува и изгледа совршено, без црнки, митесери, брчки и црвенило е сон на секоја жена.

Која жена сака да користи три слоеви на пудра и да се чувствува како да носи маска на лицето преку цел ден само за да долови ефект на глатка кожа?

Ова се 4 златни правила кои ќе ви помогнат да ја задржите еластичноста на вашата кожа, а воедно и да добиете мазна и совршена кожа на која сите ќе ви завидуваат.


Мијте ја кожата со ладна вода

Кога ја отстранувате маската за лице или извршувате обична хигиена на лицето со пилинг, никогаш не плакнете со топла вода. Иако топлата вода ги отвара порите, ладната вода е таа што ќе ја одржува нејзината еластичност. Откако ќе ја измиете не бришете ја со груби потези, туку нежно тапкајте ја додека не се исуши, а веднаш потоа ставете го вашиот дневен крем за лице.


Никогаш не заспивајте со шминка

Колку и да ви е мака, наместо да се миете, посегнете барем по влажните марамчиња наменети за вадење на шминка и отстранете ја. Кога спиеме нашата кожа се регенерира, а тоа не може да го направи доколку над неа има три слоеви пудра, поради која порите се затнуваат и настануваат митесери.


Користете пудра против стареење на кожата

Без разлика на вашата возраст, користете пудра против стареење на кожата, бидејќи нејзиниот колаген ќе ја одржува еластичноста на вашата кожа и таа ќе остане затегната.

Потрудете се сите можни производи за лице што ќе ги набавите да бидат базирани против стареење. Иако немате проблем со брчки, резултатот ќе биде неверојатен после еден месец од нивното секојдневно користење.


Опуштете го лицето и насмевнувајте се почесто!

Често ни се прават линии под очите, на челото или помеѓу веѓите од нашите гримаси кои ни преминале во навика.

Колку што можете почесто опуштајте го лицето целосно и насмевнувајте се секогаш кога го правите тоа, линиите ќе исчезнат, а вие ќе се чувствувате поубаво во своја кожа.

Верувајте таа ќе го рефлектира тоа чувство на вашиот надворешен изглед, кожата ќе ви биде совршено затегната само доколку ги применувате овие правила секој ден.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...