• Сподели на:

4 туторијали за “зачадени очи”

___

Летото не е време кога сакате да носите премногу шминка, од едноставна причина што се не е неопходно подобро не би го ставиле на себе на топлото време. Сепак, има одредени прилики во кои нагласувањето на очите и малку сјај за усни се неопходни, па затоа ви претставуваме 4 туторијали за варијации на „зачадени очи“, кои се едноставни и одлично ќе ги акцентираат вашите очи со неколку потези со четката, а од кои можете да одберете што најмногу ви одговара во зависност од пригодата.

За секој ден 

Чекор 1: Најпрво направете тенка линија со моливче за очи на горниот капак. Потоа користете тенка четката, и нежно нанесете бледа беж сенка на аголот на окото.

Чекор 2: Со подебела четка нежно нанесете сенка со кафено сива боја преку целиот капак.

Чекор 3: Користејќи потенка четка нанесете црна сенка долж линијата на трепките. За крај, нанесете крема светкава сенка на внатрешните краеви на окото за суптилно да го нагласите.

Меки зачадени очи

Чекор 1: Со црно-кафен туш направете линија на долж капакот по линијата на трепките.

Чекор 2: Нанесете сенка во темно кафена боја на капакот.

Чекор 3: Нанесете сенка во беж боја на внатрешниот агол на окото за да додадете нежност.

Металик зачадени очи

Чекор 1: Нанесете сенка во беж боја преку целиот капак.

Чекор 2: Користејќи црн туш со четка, нацртајте мачкини очи. Почнете така што ќе го нацртате обликот и големината на лакот на надворешниот агол на окото, а потоа пополнете.

Чекор 3: Нанесете бронзена сенка на горниот капак, а потоа со тенка четка нанесете темно сива сенка под долната линија на окото.

Чекор 4: За крај нежно нанесете металик сива сенка на горниот капак.

Темни, заводливи зачадени очи 

Чекор 1: Нанесете сива сенка преку целиот капак.

Чекор 2: Нанесете сребрена сенка, концентрирајќи се на надворешниот агол на окото и на насесувајќи на долната линија на капакот.

Чекор 3: Со црно моливче исцртајте ја внатрешната линија на долниот капак, и линијата над трепките на горниот капак.

Чекор 4: Нанесете златна сенка на внатрешниот агол на окото за крај.


Оставете коментар

___