• Сподели на:

Што мислите вие, кои филмови се можни добитници на Оскар за следната година?

___

Додека полека запира еуфоријата околу овогодинешните оскаровски хитови како “12 years a slave”, “The wolf of Wall Street” или “American hustle”, ние веќе размислуваме за да ги погледнеме филмовите за кои веќе се предвидува дека ќе бидат кандидати за Оскар 2015 година. Па, да почнеме!

 

1. “The Grand Budapest Hotel
Почеток на прикажување: 7 март, 2014
Улоги: Ralph Fiennes, Tony Revolori, Saoirse Ronan, Adrien Brody, Willem Dafoe, Jeff Goldblum, Harvey Keitel, Bill Murray, Edward Norton, Jude Law, и Tilda Swinton.
Режија: Wes Anderson

Андерсон веќе има три номинации за Оскар (Moonrise Kingdom, The Royal Tenenbaums, Fantastic Mr. Fox), па оваа олд скул приказна за љубовта и каењето ја отсликува фантастична продукција и ѕвездена актерска екипа.

The Grand Budapest Hotel Official Trailer #2 (HD) Wes Anderson

 

2. ‘Noah’
Почеток на прикажување: 28 март, 2014
Улоги: Russell Crowe, Jennifer Connelly i Anthony Hopkinsс
Режија: Darren Aronofsky

Аронофски веќе има безброј номинации за Оскар уште од “Реквием за еден сон”.Неговата режисерска работа е веќе многу пати наградена од Академијата и многумина се убедени дека “Ное” не само што ќе биде номиниран за Оскар, туку и ќе го освои.

Noah Official Trailer #1 (2014) - Russell Crowe, Emma Watson Movie HD

 

3. ‘Devil’s Knot’ 
Почеток на прикажување: 9 мај, 2014
Улоги: Reese Witherspoon, Colin Firth, Amy Ryan, Mireille Enos i Alessandro Nivola
Режија: Atom Egoyan

Egoyan нанижа неколку номинации за Оскар, но во 1997ма неговите сензуални крими драми не ги импресионираа членовите на Академијата. Но неговиот најнов филм “Јазолот на ѓаволот” има карактеристики на филм со силен оскаровски потенцијал.Исто така, треба да се напомене и многукратно наградуваниот актерски тим, кој го сочинуваат Рис Витерспун, Колин Фирт и Ејми Рајан.

Devil's Knot Official Trailer (HD) Reese Witherspoon, Dane DeHaan

 

4. ‘Million Dollar Arm
Почеток на прикажување: 16 мај, 2014
Улоги: Jon Hamm, Alan Arkin, Lake Bell i Aasif Mandvi
Режија: Craig Gillespie

Во трката за оскар понекогаш се наоѓаат и филмови карактеристични по исклучителната сентименталност. А филмската приказна за еден спортски агент кој бара ново име за безбол во Индија, токму тоа би можела да го понуди. По чекорот на сјајните спортски драми како ‘Jerry Maguire’ и ‘Moneyball’, ‘Million Dollar Arm’ дефинитивно мириса барем на една номинација.

Million Dollar Arm Official Trailer #1 (2014) - Jon Hamm Baseball Movie HD

 

5. Foxcatcher
Почеток на прикажување: 2014
Улоги: Channing Tatum, Anthony Michael Hall, Steve Carell i Mark Ruffalo
Режија: Bennett Miller

Уште една спортска приказна која може да се најде меѓу потенцијалните кандидати за Оскар. Филм за олимпискиот борач Mark Schultz во кој дружењето со John duPontводи на патот кон шокантно уништување. Режисерскиот потпис на Милер, фактот дека е филм базиран на вистински настани, како и дуото Татум и Кареч подготвени за неверојатни актерски предизвици -- се ова заедно звучи многу ветувачки.

Foxcatcher Official Trailer 2014 - Channing Tatum Movie HD

 

6. Interstellar 
Почеток на прикажување: 7 ноември, 2014
Улоги: Matthew McConaughey, Anne Hathaway, Jessica Chastain, Michael Caine and John Lithgow
Режија: Christopher Nolan

Досега Академијата не се покажала многу наклонета кон SF филмови, но оваа година триумфот на “Гравитација” сигнализираше големи промени во овој поглед.Ако некој би успеал да продолжи по овој пат, тогаш тоа ќе биде Нолановиот “Insterstellar„ со одличната актерска екипа предводена од фантастичниот Метју Мекконахи

Interstellar Official Teaser Trailer #1 (2014) Christopher Nolan Sci-Fi Movie HD

 

7. Fury
Почеток на прикажување: 14 ноември, 2014
Улоги: Brad Pitt, Shia LaBeouf, Logan Lerman, Jon Bernthal i Michael Pena
Режија: David Ayer

Академијата обожува воени филмови, а овој филм ги има сите квалитети да се најде меѓу номинираните. Она што го направи полициската драма ‘End of Watchin” во 2012та, и тоа како го става меѓу можните кандидати за трката.

 

8. Inherent Vice
Почеток на прикажување: 12 декември, 2014
Улоги: Sasha Pieterse, Jena Malone, Joaquin Phoenix, Benicio Del Toro, Josh Brolin, Reese Witherspoon, Owen Wilson i Maya Rudolph
Режија: Paul Thomas Anderson

Пол Томас Андерсон зад себе има голем број на сјајни филмови како “Boogie Nights”, “Magnolia” и “There wil be blood”. Неговиот главен филмски херој се наоѓа во Лос Анџелес во 70-тите и е преполн со дрога. Ако сето ова не е премногу чудно за вкусот на членовите на Академијата, овој филм исто така лесно може да се најде меѓу номинираните .

Inherent Vice 2014 Owen Wilson, Josh Brolin, Jena Malone

9. Exodus 

Почеток на прикажување: 12 декември, 2014
Улоги: Christian Bale, Joel Edgerton, Aaron Paul, John Turturro, Sigourney Weaver, and Ben Kingsley
Режија: Ridley Scott

Кога Ридли Скот, номиниран за Оскар за филмот “Телма и Луиз”, “Гладијатор” и “Black Hawk Down” , ќе прифати библиски теми за Мојсеј, ние наслушнуваме голем хит. Познато им е на сите дека Академијата сака библиски теми на филм. Да се ​​потсетиме на “Десетте заповеди”, “Наметката” и “Бен-Хур”. На Скот сигурно веќе му се смешкаат номинации. А можеби и златна статуа.

 

10. ‘Into The Woods’
Почеток на прикажување: 25 декември, 2014
Улоги:
Meryl Streep, Johnny Depp, James Corden, Anna Kendrick, Chris Pine i Emily Blunt
Режија: Rob Marshall

Роб Маршал се прослави со мјузиклот “Чикаго” со освоени шест престижни Златни статуетки. Неговиот нов филм се стреми кон слична цел. Некако ни се чини дека тоавоопшто не е невозможна мисија, со оглед на тоа што една од главните улоги еМерил Стрип, миленичка на Академијата, која може да се пофали со дури 18 номинации за Оскар. Овој Бродвејски хит има фантастична приказна, тим од филмки ѕвезди тим предводен од Стрип и Џони Деп, како и безброј одлични музички нумери.”Во шумата” е филм што сигурно не треба да се пропушти.

https://youtube.com/devicesupport


Оставете коментар

___