• Сподели на:

Сара Џесика Паркер открива што ќе се случи во третото продолжение на “Сексот и градот”

___

Веќе со месеци се зборува за третото продолжение на филмот “Сексот и градот”, а обожавателите со нетрпение ја очекуваат секоја информација за оваа култна четворка.

Актерката Сара Џесика Паркер ги расипа соништата на фановите и изјави дека, сепак, продолжение на филмот нема да има. Барем не наскоро.

Таа гостуваше кај Елен Деџенерис и на ова прашање за снимање на третиот дел од филмот одговори: “Се обидувам да измислам оригинален одговор на ова прашање кое постојано ми го поставуваат во последно време, но вистината е дека немаше вистински преговори за трето продолжение”.

Пред само неколку месеци Сара изјави дека девојките од овој филм треба да добијат “вистинска” завршница.

film-seks-i-grad-garderoba-budzet-1328585176-34177


Оставете коментар

___