Веќе со месеци се зборува за третото продолжение на филмот “Сексот и градот”, а обожавателите со нетрпение ја очекуваат секоја информација за оваа култна четворка.
Актерката Сара Џесика Паркер ги расипа соништата на фановите и изјави дека, сепак, продолжение на филмот нема да има. Барем не наскоро.
Таа гостуваше кај Елен Деџенерис и на ова прашање за снимање на третиот дел од филмот одговори: “Се обидувам да измислам оригинален одговор на ова прашање кое постојано ми го поставуваат во последно време, но вистината е дека немаше вистински преговори за трето продолжение”.
Пред само неколку месеци Сара изјави дека девојките од овој филм треба да добијат “вистинска” завршница.

You must be logged in to post a comment Login