Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

На татко и син им припадна непопуларното признание за најлоша машка главна и споредна улога за филмот “After Earth”

Татко и син, Вил и Џејдан Смит, се “победниците” на Златна Малина, независна награда која се доделува за најлошите холивудски достигнувања во изминатите години.

Смит, сениор и џуниор го освоија признанието за најлоша главна и споредна улога за научно фантастичниот филм “After Earth”.

Погледнете го трејлерот од филмот

httpv://www.youtube.com/watch?v=CZIt20emgLY

Златна Малина за најлош филм годинава ја доби комедијата “Movie 43”, во која улоги имаат голем број на холивудски ѕвезди како Кејт Винслет, Ричард Гир, Хали Бери и Наоми Вотс.

Трајлер за филмот “Movie 43”

httpv://www.youtube.com/watch?v=A9fBCkwDW8c

Тајлер Пери е добитничката за најлоша женска улога во комедијата “ A Madea Christmas” додека Ким Кардашијан за споредна женска улога во истиот филм.

Трајлер за филмот “ A Madea Christmas”

httpv://www.youtube.com/watch?v=SDfTwu2CgDY

Комедијата на Адам Сандлер “Grown Ups 2” иако со 8 номинации, сепак не успеа да добие ни едно признание, Сандлер  е веќе добитник на 10 Златни Малини и 20 номинации.

Дизниевиот филм “Lone Ranger” со Џони Деп во главна улога го доби признанието за најлош римејк.

Трајлер за “Lone Ranger”

httpv://www.youtube.com/watch?v=JjFsNSoDZK8

“Наградите” Златна Малина се доделуваат од 1980 година како пародија на Оскарите.

Добитниците вообичано не се појавуваат на самата свеченост. Исклучоци се Хали Бери и Сандра Булок кои лично ги примиле своите трофеи со златен спреј.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...