• Сподели на:

Мојот Филм “Unbroken” е најтешкото нешто што некогаш сум го направила!

___

Анџелина Џоли предходниве месеци го снимаше нејзиниот филм „Unbroken“ во Австралија, и изјави дека тоа и било до сега најтешката работа во животот. Инаку ова е приказна за животот на Луис Замперини, американски олимпиец, кој бил заробен за време на втората светска војна. Животната драма на овој 97-годишен човек, ќе се прикажува од декември, а Анџелина е зачудена што оваа приказна не е објавена до сега. „Си замислувам дека тој во последниве дестина години секое утре се прашувал кога некој ќе направи филм за него“ изјавува актерката и режисерката.

„Седев во својата соба и размилсував: Што сакам од својот живот? Сакам да направам нешто важно. Сакам да се пронајдам. Ми треба помош, потребно ми е некој да ме усмери. А тој некој цело време ми бил покрај прозорот“.
Овие зборови на Џоли треба да ги сфатите буквално, затоа што Луис живее во нејзина близина во Лос Анџелес.

„Го запознав и почувствував голема одговорност за да го направам ова како што треба, затоа што многу го сакам и многу ми помогна. Ова беше најтешката работа што некогаш сум ја направила.“ Луис имал навистина неверојатен живот, бил врвна атлета  и на олимписките игри во Берлин 1936 година, воодушевен бил и Адолф Хитлер кој побарал лично да го запознае. Покасно учествувал и во втората светска војна, а во 1942 година бил заробен од Јапонците кои го ослободиле дури во 1945-та.

Unbroken Official Olympics Preview Trailer (2014) – Angelina Jolie Directed Movie HD


Оставете коментар

___