• Сподели на:

„Marvel Studios“ – Датуми на нови филмови до 2018 година!

___

Марвел го објави распоредот на издавање на новите филмови за следните пет години, како предупредување од типот „овие се наши викенди“ према другите филмски компании кои планираат да објават филм во периодот од сега до 2019 година.

Веќе знаеме што ќе гледаме до 2016 година, а иако сеуште немаме филмски наслови, знаеме кога потенцијалните хитовите на Марвел ќе ја доживеат својата премиера.

Еве ја целата листа, вклучувајќи го и она што веќе е познато.

Avengers: Age of Ultron на 1-ви Мај, 2015

Ant-Man на 17-ти Јули, 2015

Captain America 3 на 6-ти Мај, 2016

8-ми Јули, 2016 (се шпекулира дека е Doctor Strange)

5-ти Мај, 2017

28-ми Јули, 2017

3-ти Ноември, 2017

6-ти Јули, 2018

2-ри Ноември, 2018

3-ти Мај, 2019

Што можат да донесат мистериозните дати. Знаеме дека ќе има „Avengers 3“ некаде низ нив, најверојатно кон крајот на 2018-та или во 2019-та година. Што уште? Уште еден „Iron Man“, уште еден „Thor“,  продолжение на „Guardians of the Galaxy“ ?

Шпекулациите можат да започнат!


Оставете коментар

___