• Сподели на:

Исклучете го светлото, ви наредува Спајдермен!!!

___

Познатиот суперхерој ова година се вклучи во акцијата „Саат за планетата Земја“.

Акцијата на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) секоја година собира околу стотина милиони луѓе низ целиот свет во повеќе од 7.000 градови од 154 земји.

Покрај познaтото исклучување на светлата во текот на еден час кое би требало да го означи нерационалното трошење на енергијата и ресурсите на земјата, ова година има новитети во кампањата, а еден од нив е вклучувањето на Спајдермен.

“Со зеднички сили, Спајдермен и WWF ќе не мотивираат да станеме суперхерои и да помогнеме во спасување на нашата планета“, соопштија од Фондот.

Не е познато на кој начин Спајдермен ќе “учествува“ во акцијата која е закажана за 29ти март.


Оставете коментар

___