• Сподели на:

Ги сакаме, ги мразиме, ги гледаме: Како настанаа филмските трејлери

___

Некои од нас ги сакаат, некои ги презираат (особено во кино салите не тероризираат 15 или повеќе минути), но едно е сигурно – филмските трејлери се неизбежни.

Толку се неизбежни, што со време почнавме да ги земаме здраво за готово и многу од нас веројатно никогаш не се запрашале како настанале трејлерите.

Filmmaker IQ одлучил да сними краток документарен филм за тоа како настанале трејлерите и како во текот на годините станаа суштински дел од филмската индустрија.

Трејлерите понекогаш се подобри и повозбудливи од самите филмови, но тоа не се случи преку ноќ. Техниката за кратките филмови, во која за само неколку минути мора да се раскаже истата приказна на филмот кој се промовира, се развивала повеќе од 100 години. Некои одат дотаму што трејлерите ги нарекуваат “жанр за себе”.

За секој љубител на филмот, ова видео мора да се види, а ќе дознаете како Нилс Гранлунд, Стенли Кјубрик, Алфред Хичкок и Стивен Спилберг го промениле текот на филмската историја. Ќе дознаете и нешто за маркетингот кој засекогаш се промени од излегувањето на филмот “Ајкула”, но и нешто за Доналд ЛаФонтејн (1940-2008), кралот на филмските трејлери.


Оставете коментар

___