• Сподели на:

Дали суперхероите во филмовите треба да ги глумат големи ѕвезди или помалку познати актери?

___

За секој актер или актерка во суперхерој филм, има и ќе има некој вид на контроверзии или галама. Најголемиот дел од нив минатата година, се разбира, беше за Batfleck . Потоа Gal Gadot како Wonder Woman, Paul Rudd како Ant-Man, и Jesse Eisenberg  како Lex Luthor. Оваа листа може да се продолжи со години. Но, има ли нешто да се каже за студиата кои се подготвени да ја дадат улогата на некој релативно непознат актер наместо на големите ѕвезди?

Обично проблемот што го гледаат фановите на оваа тема е дека актерот или актерката не го имаат правилниот изглед или тип на тело што одговара на карактерот – или дека ја немаат правилната биографија. За Ben Affleck, многумина ја посочуваат неговата улога во Daredevil (што беше тотална катастрофа), но тоа не мора да значи дека нема да биде фантастичен како Batman.

Од слични причини, Руд беше критикуван за неговата улога во Ant -Man, бидејќи тој првенствено е познат по неговите улоги во комедии а не во акции. Сепак, дури и Gadot – која има искуство во акциски филмови – беше критикувана поради тоа што не се вклопува во изгледот на Wonder Woman оригинално глумена од  Lynda Carter.

Фановите се незадоволни од изборот на актери, бидејќи тие не знаат дали одлуките се донесени врз основа на талент или моќта на поголемите ѕвездите. Ако трикот на DC и Марвел е ангажирање на познати ѕвезди со единствена цел да го зголемат вниманието на медиумите – тогаш тие филмови нема да испаднат добри и ќе наидат на разочарување кај фановите.

Сепак, во минатото, овие студија ангажираа ѕвезди како Robert Downey Junior или Cris Evans и тие беа идеални за нивните улоги. Истото може да се каже и за помалку познати ѕвезди како Christian Bale и Henry Cavill. Значи дека не е важно дали актерите ќе бидат  ѕвезди или некои помалку познати актери и актерки, треба да бидат избрани оние кои се вистинските за улогата.


Оставете коментар

___