Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

Актерката Мерил Стрип влегува во Британскиот парламент!

На една филмска екипа за прв пат и е дозволено да снима во Британскиот парламент.

Филмот “Suffragette”, во кој Мерил Стрип ја глуми Емелин Панхерст, активист за еднаквост на правата на глас на мажите и жените, добил одобрување да влезе во парламент.

Алан Хаселхерст, претседател на парламентарната комисија која ја издала дозволата, изјавил за BBC дека темата на филмот ја оправдува одлуката и укажува на фактот дека со тоа парламентот ќе обезбеди пари потребни за негово одржување.

Тој објаснил дека тоа ќе биде тест за можни идни проекти и навел дека снимањето ќе се врши на “начин кој нема да влијае на ормалното функционирање на парламентот”. Снимање на комерцијални објекти досега никогаш не било дозволено во рамките на ѕидовите на Парламентот.

Кога во 2011 година, Мерил Стрип ја глумеше Маргарет Тачер во филмот “The Iron Lady”, сцените од парламентот се снимени во градското собрание во Манчестер.

Филмот “Suffragette” е приказна за Емелин Панхерст која често организирала протести во близина на Вестминстерската палата, седиштето на британскиот парламент. Прв пат е уапсена во 1908 година кога се обидела да влезе во Долниот дом. Подоцна истата година повторно се нашла во затворот под обвинение дека поттикнувала на насилен упад во Парламентот.

Покрај Стрип, во филмот играат и Кери Малиган, Хелена Бонам Картер, Ромола Гараи и Бен Вишоу.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...