• Сподели на:

Beauty времеплов: Гламурозни педесети

___

Гламурот и стилот најдобро ги опишуваат педесетите години на минатиот век, период во кој се се вртело во создавање на женствен, нежен изглед.

Kylie-Minogue-1950s-hairstyle

Прозрачен тен

Во педесетите години главна улога играл make up –oт. Во фокус бил перфектниот и прозрачен тен, без нагласени образи. Руменилото се користело минимално и тоа во нежно розови тонови.Очите, најчесто се истакнувале само со  тенка линија со помош на ајлајнерот преку горниот капак, нагласувајќи го софистицираниот изглед. Се користеле неутрални нијанси на сенки за очи, прецизно нанесени за да се постигне потполно природен ефект. Јако црвените усни исто така биле главно обележје на оваа женствене декада.

Меѓутоа, за новата модерна варијанта на овој look усните оставете ги во потполно неутрална боја.Можете да користите некој nude нијанси за руменилото или само безбоен сјај.Исто така, на внатрешните агли од очите нанесете малку бела седефаста сенка како бисте постигнале подлабок поглед.За ноктите, се подразбира, црвен лак.

Женствени фризури

Во педесетите години на минатиот век косата била безпрекорно и совршено обликувана.Нежни кадрици и таласести фризури, како и елегантни пинџи, совршено го прателе женствениот make up. Правата коса не била популарна, како и премногу долгата или кратка коса. Во тренд биле фризурите со средна должина на косата.Гламурозните пунџи го истакнувале обликот на лицето, а се правеле на виткана коса. Акцентот на фризурите во овој период претставуваат романтичните локни.Изборот на фризурите во овој период бил огромен, а вие бидете доволно инвентивни и испробувајте најразлични варијанти.


Оставете коментар

___