Се проценува дека околу четири одсто од девојчињата и момчињата во пубертетот влегуваат или порано или подоцна, а сега е докажано дека тоа е работа на генетско наследство.
Научниците од “Queen Mary” Универзитетот во Лондон, ја идентификувале варијантата на генот која го продолжува времето на влегување во пубертет.
Станува збор за дел од генот GnRH кој го контролира развојот на неуроните задолжени за регулација на хормоните кои се клучни за постигнување на половата зрелост. Во истражувањето се користени податоци собрани од членови од седум фински семејства.
Експертите веруваат дека нивните откритија ќе ја олеснат потрагата по нови третмани наменети за тинејџерите кои не влегле навреме во пубертет.

You must be logged in to post a comment Login