Некои мајки уште на ултразвук може да си ги видат своите бебиња како си го шмукаат палецот. Тоа е добар знак, бидејќи се е по план и бебето вежба цицање кое му е неопходно кога ќе се роди. Тоа станува проблем покасно кога ќе продолжи со таа навика само поради задоволувањње на рефлекс.
Инстинктото за цицање е причина поради која бебeто почнува да си ја шмука раката или прстот. Тое не значи дека има лоша навика туку дека и сигнализира на мајката дека е гладно. Таа потреба е индивидуална, кај некои е поизразена кај други помалку.
Обично децата после година дена не ја бараат таа утеха и рефлексот ослабнува како што ќе се почне со гризење и конзумирање на друга храна. Кај некои деца останува подолго, но исчезнува до третата година. Ако продолжи со тоа и после 3 година или одеднаш почне а фазата поминала, битно е да се открие зошто тоа се прави.
Како да се реши проблемот?
Ништо не иде на брзина или на сила па така ни овој проблем нема да се реши брзо. Мора да се пронaјаде причинителот и да се отстрани:
Посматрајте го своето дете. Пробајте да откриете што го збунува, плаши и помогнете му да смири (бидете нежни, милувајте го, тешете го кога ќе треба, разговарајте, пејте му и битно пофалете го кога ќе заслужи).
Одредете ги јасните граници на тоа што се смее а што не. Забрани не треба да бидат премногу но треба да се постигне ниво да се почитуваат.
Многу е битно во тек на денот, детето да се истрча, изигра да ја потроши енергијата. Препорачливо игра со врсници.
Внимавајте на тоа што детето гледа на ТВ и какви игрици игра на компјутер или таблет. Не допуштајте да гледа насилни филмови, агресивни цртани филмови и тоа што не е за негова возраст. Не му читајте насилни приказни особено не пред спиење.

You must be logged in to post a comment Login