• Сподели на:

Зошто детето ги гризе ноктите?

___

Што е тоа што ја поттикнува навиката за грицкање на ноктите и како да му се помогне на детето да се одвикне од неа?

Таа појава се вбројува во реактивните невронски пречки кои се типични за детската возраст и се манифестира со телесна симптоматологија. Обично се појавува во четвртата или петтата година на животот.

Најизразена е помеѓу осмата и десеттата година на животот. Со неa може да бидат зафатени до 20% од децата на таа возраст.

Причини за гризењето на ноктите

Детето може толку силно да ги гризе ноктите, што може да се раскрвари. Некои деца ги голтаат парчињата од ноктите, а други ги плукаат. Таа појава е засилена во состојби на стрес, страв и конфликтни ситуации. Карактеристично за тие појави е тоа што детето чувствува агресија која не може да ја искаже на друг начин, туку како агресија кон сопственото тело.

Во литературата пишува дека причините лежат во погрешното воспитување, со кое се настојувало детето да се потчини на авторитет. Детето било присилено да ги потопи во себе своите социјални поотреби за дружење.

Гризењето на ноктите може да се стави во групата на начини на кои детето се труди самото да се задоволи. На таа појава е многу тешко да се влијае.

Како да му се помогне на детето

Се предлагаат методи со кои му се нудат нови видови на односи со другите личности, затоа што на детето е потребно да му се помогне да го намали својот внатрешен страв и немир. Тоа може да се постигне и со учење на методата за релаксација. Но, веројатно помош ќе треба да побарате кај психолог којшто може да го процени детето и којшто може да гии советува родителите како да сеоднесуваат. Агресијата што детето ја чувствува во себе треба да се усмери на спортски и слични активности.

Кај малите деца успева методата со целно играње, со кое ќе се пренасочи вниманието и потребата за гризање на ноктите. Постоии еден лекарски рецепт, една многу горчлива и нештетна течност со која се премачкуваат ноктите. Тоа може за кратко време да го сузбие гризењето, но не го решава проблемот во корен.


Оставете коментар

___