Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Зошто децата го цицаат палецот?

Некои мајки ја имаат таа среќа уште за време на ултразвукот да го видат своето бебе како го цица палецот. Тоа е добар знак, бидејки се иде според планот и бебето вежба цицање кое ќе му биде неопходно кога ќе се роди. Цицањето на палецот станува проблем покасно кога детето не го цица поради задоволување на рефлексот за цицање, туку поради некоја друга причина.

Инстиктот за цицање е причина бебето да почне да го цица прстот или раката. Тоа не мора да значи дека бебето има некоја не убава навика, туку тоа може да и сигнализира на мајката дека бебето е гладно, дека има јак рефлекс за цицање кој не е задоволен на градите, дека бара забава или дека е вознемирено. Потребата од цицање е индивидуална, кај некои бебиња е појако изразена, додека кај други помалку.

Обично децата после првата година веќе не го бараат прстот за утеха и рефлекс за цицање бидејки ослабел со внесот на храна која се гризе, а не се цица. Некои деца го имаат подолго, но тој би требало да престане до третата година. Ако детето и после третата година го цица палецот или одеднаш почне да го прави тоа во таа возраст, важно е да откриете зашто го прави тоа. Цицањето на палецот може да го поремети загризот и растот на забите.

Како да го решите тоа?

Ништо не се рашава со брзина на светлината, па така ни овој проблем нема да се реши толку брзо. Треба да ја пронајдете причината и да ја отстраните.

-Набљудувајте го вашето дете. Пробајте да откриете што го загрижува, плаши и помогнете му да се смири (бидете нежни према него, милувајте го, тешете го кога треба, разговарајте со него, пофалете го кога ќе заслужи).

-Одредете јасни граници за она што смее и не смее. Не треба да има многу забрани, но мора да ги почитува.

-Важно е детето за време на играњето, да се изтрча и да ја потроши енергијата. Нека игра со деца на својата возраст.

-Внимавајте што гледа на телевизија или со какви играчки си игра. Не дозволувајте да гледа филмови со насилство, агресивни цртани филмови и се што не е за негова возраст. Не му читајте приказни со насилство пред спиење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement