Во просек, ризикот од појава на алергиска реакција кај секое дете изнесува 15 проценти. Доколку еден од родителите пати од алергија, тој ризик се зголемува за 30 проценти, а ако двата родители патат тогаш можноста детето да има алергија е 80 проценти. Затоа пробајте да го заштите своето дете на следните начини.
1. Немојте да пушите за време на бременоста, ниту во куќата, бидејќи димот може да предизвика појава на астма.
2. Избегнувајте да јадете кикирики и производи кои содржат масло од овие билки за време на бременоста и за време на доењето.
3. Доете го детето додека не наполни најмалку 6 месеци.
4. Постепено воведувајте нови видови намирници, една по една, во исхраната на своетот дете и тоа во мали количини. На овој начин потенцијалните алергиски реакции ќе бидат многу поблаги и ќе знаете кој е причнителот.
5. Немојте да му давате на детето овошје од групата аргум додека не наполни 10 месеци.
6. На детето помладо од 3 години не му давајте кикирики посебно ако некој од вас, или вашата фамилија пати од алергија на кикирики.
7. Често проветрувајте го станот, одружувајте хигиена, и одлучете се за паркет наместо лесонит.
8. Давајте му на детето вода или незасладен чај. Оделни индустриски сокови содржат висока концентрација на вештачка боја која може да предизвика екцем.

You must be logged in to post a comment Login