Одредувањето на полот на бебето врз основа на формата на стомакот на бремената жена не се темали на никакви научни докази, велат резултатите од последните истражувања.
По традиција се смета дека ако стомакот е поставен високо, ќе се роди девојче, а ако е ниско долу ќе биде момче. Овој визуелен метод за одредување на полот на бебето се појавил уште во античкиот период, кога се сметало дека ембрионот од машки пол се наоѓа во горниот десен агол од стомакот, а женскиот во левиот долен дел.
Некои од добиените дополнителни анализи се исто така неочекувани. Жените со високо образование го предвиделе полот на бебето со 70% точност, а оние со пониско образование само со 40%.
Затоа и науката го отфрла традиционалното мислење дека формата на стомакот има некаква врска со полот на бебето и сметаат дека многу почесто жените можат да го предвидат полот ако се препуштат на својатa интуиција.

You must be logged in to post a comment Login