Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Врската помеѓу возраста и плодноста

Фертилноста или поинаку кажано шансите за забременувње зависи во голем процент од возраста на жената. Колку повеќе го одложувате раѓањето на деца толку повеќе се намалува плодноста.

Жените се најплодни помеѓу 20 и 25 години, но тоа не значи дека секоја жена од оваа возрасна група може веднаш да зачне. Со зголемувањето на возраста вашата плодност намалува, бидејќи бројот на функционалните јајце клетки е помал, како и нивниот квалитет.

Секоја жена се раѓа со одреден број јајце клетки кои намалуваат со секој нареден менструален циклус.

Со зголемувањето на возраста стареат и јајце клетките што го отежнува понатака нивното оплодување. Така на 35 години сте плодни само пола од тоа што сте биле 25, а на 40 години сте плодни само пола од она што сте биле на 35 годишна возраст.

А крајот на фертилноста доаѓа со настапувањето на менопаузата, што во последно време се случува доста ранао – на околу 40-45 годишна возраст.

Со возраста намалуваат и шансите за успех при ин витро оплодување. Ете зошто во последно време во светот е популарно забременување со помош на донирани јајце клетки. Но бидејќи наоѓањето на донор е комплицирана работа, науката почнува се повеќе да се усовршува во процесот на замрзнување на јајце клетки додека се сеуште млади и добро функционираат и да ги употребите тогаш кога ќе сте спремни за деца.  На овој начин, кога после извесно време ќе сакате да имате деца, но возраста не дозволува природно зачнување, ќе можете да ги искористите сопствените јајце клетки преку ин витро оплодување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement