Жените кои станале мајки кажале дека мајчинството ги научило подобро да го организираат своето време.
Оние мајки кои све веќе мајки на две, три или повеќе деца најверојатно нема да се изненадат од резултатите од истражувањето. Тие веќе ги имаат извежбано истовремено да го држат своето бебе, да го згреат ручекот и да телефонираат истовремено.
“Microsoft” спровел анкета помеѓу 2000 жени и 500 вработени.
Скоро две третини од мајките кои работат изјавиле дека станале подобри во истовремено правење на повеќе работи одкако добиле деца.
Исто така се смета дека мајките се подобри тимски играчи во однос на другите жени.
Околу 50 проценти од мајките веруваат дека нивната способност за организација на времето значително се подобрила. Интересно е што и другите вработени, колеги на овие мајки, во потполност се сложуваат со нив.
Повеќе од половина од колегите тврделе дека мајките се подобри тимски играчи во работата. Додека третина сметаат дека се унапредени нивните способности за мултитаскинг по породувањето.
Така, секој трет шеф смета дека мајките повеќе ги ценат колегите и клиентите. Важно е да се спомене дека модерната технологија многу им помага на мајките да жонглираат со обврските, па така многу работат од својот дом преку лап топ, таблет и слично.

You must be logged in to post a comment Login