• Сподели на:

Воспитувањето на детето почнува од пелените

___

Што да правите со едногодишно дете кое плаче за бонбони или во продавницата фрла храна од корпата? Ако пробате да го оправдате така што ќе кажете дека е премногу мало да го научите на дисциплина, грешите многу. Ова е всушност вистинско време да го запознаете со концептот на добро-погрешно.

Отргнете им го вниманието

Во вакви ситуации избегнувајте да го покачите тонот, бидејќи тоа ќе ги вознемири. Наместо тоа брзо и смирено заинересирајте го за нешто друго. Ако детето почне да качува на фотељата, полека спуштете го на подот и земете книга да му прочитате нешто. Отргнувањето на вниманието со други работи не само што го спречува несаканото однесување, туку и учи дека некои работи не се дозволени.

Бидете упорни

Иако мислите дека е безопасно ако само еднаш му дозволите на детето да јаде колач пред вечера, знајте дека исполнувањето на оваа желба, дава јасен сигнал дека тоа ќе запали и наредн пат. Важно е да поставите граници и да се придржувате до нив. Важно е родителите да бидат сложни за тоа за да не го збунат детето.

Избегнувјате ,,Не”

 Ако на детето цело време му кажувате не, тоа ќе почне да го користи тоа кога не сака да направи нешто. Негативната реченица чувајте ја само за ситуации кога е загрозен безбедноста, на пример ако сака да ја отвори вратата од рерната.

На крај не заборавајте дека децата повеќе учат додека гледаат отколку кога слушаат, па покажете им нешто како да направат.


Оставете коментар

___