Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Тие никогаш нема да престанат да ве сакаат!

Тој не е момче кое ќе замине по првата кавга, не е некој кој ќе ве остави затоа што не сте ги исполниле неговите очекувања… Тој не е пријателка која ќе шири гласини за вас, ниту колешка од работа која ќе ви даде непромислени совети… Тие никогаш нема да ви го скршат срцето, да ве издадат, да ве остават или разочараат, без оглед на тоа што вие верувате дека во некој момент од вашиот живот можеби и ве разочарале.

Верувајте дека се даваат онолку колку најдобро знаат и умеат, дека ве сакаат до болка и дека без за миг да се помислат би го извадиле срцето од гради за вас.

Дури и кога ќе ги повредите со зборови, понижите, подцените и кога ќе ги изневерите нивните очекувања, вашите родители ќе останат со вас.

Секогаш се спремни да простат и да проголтаат, да ги преќутат важите критики дека не ви обезбедиле доволно добар живот, иако се свесни дека вложиле напор од петни жили да би имале среќен живот.

Вие сте им приоритет секогажш и секаде

Многу пати ќе го погазат она што тие го сакаат како би можеле да ви го обезбедат она што вие го сакате, и многу пати мислејќи на вас, забораваат на себе. Често со прегризан јазик слушаат за вашите животни грешки, без да ве прекинат, за да не ја изгубат вашата доверба и да не постават зид помеѓу вас.

Немојте да ги осудувате

“Требало да мислите на време, кога сте правеле деца…” сигурно ова некогаш излегло од вашата уста.  Многу често децата се сурови према своите родители.

Тие души слепи од љубовта кон вас, ако ќутат не значи дека вашите зборови не ги болат. Но колку и да фрлате сенка на нивниот труд, тие никогаш нема да се покајат што дале се од себе да направат од вас квалитетна личност.

Заблагодарете им се

Кажете им дека ги цените, дека сте свесни што направиле за вас, дека вашите грешки не се нивни грешки, дека ви се потребни, дека ги сакате дури и кога сте непријателски расположени, дека умирате од помислата дека на некој од нив би можело нешто да му се случи и дека сте среќни што имате такви родители.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement