Децата кои имаат телевизор во својата детска соба имаат поголем ризик од дебелеење, покажало едно амерканско истражување.
Податоците се собирани во период од четири години. Испитани се 6500 деца на возраст од 10 до 14 години.
Присуството на телевизор во детската соба може да се поврзе со акумулацијата на вишок килограми, во просек по половина килограм годишно.
Истражувачите веруваат дека ризикот од дебелеење бил поголем поради изложеноста на реклами за брза храна и намален сон.
Инаку, 59 проценти од децата вклучени во студијата имале телевизор во својата соба. Се проценува дека во Америка повеќе од третина од децата имаат вишок килограми.

You must be logged in to post a comment Login