• Сподели на:

Татковство за сингл мажи…

___

Одговорот на прашањето за тоа како човек кој нема партнер може да биде татко пристигна. Во Америка , постојат организации кои специјализираат во поврзувањето на синглови кои сакаат да се реализираат во улогата на родител со жени кои се подготвени да ги родат за пари нивните бебиња.
Меѓу членовите од двата пола, има голем број на поединци кои не биле во можност да пронајдат идеален партнер , а сепак сакаат да се реализираат како родител. Сепак, иако во секој случај е ислучително тешко да се оди низ животот сам , на мажите им е потешко да станат татковци , доколку се сами , бидејќи жените можат да зашнат и од странец, пријател или да одат во банка за сперма. Исто така, мажите кои се самци ретко добиваат можност за усвојување, и затоа нивниот пат кон самостално татковство е тежок.
Сепак , трендот на мажи кои сами одгледуваат децата е во пораст во САД . Овие татковци, всушност , се одлучуваат за сурогат мајка, одат во банка за јајни ќелии, ги лоцираат саканите својства на мајките – таткото дава примерок од спермата и чека да биде оплодено јајцето на избраната жена, по што ембрионот замрзнува. Следниот чекор е многу посложен и тежок. Неопходно е , имено , да се најде жена која е подготвена да , во замена за пари , да биде оплодена со замрзната јајна ќелија, и по раѓањето на бебето да го даде на неговиот татко.
Овој процес е законски и етички комплексен , а во Америка и некои други земји општествено подржан. Постојат клиники кои се занимаваат со поврзување на засегнатите страни.

Оставете коментар

___