• Сподели на:

Стресот и бременоста – ризик за астма кај децата

___

Изложеноста на стрес за време на бременоста е поврзана со поголем ризик од астма кај деца, објавија германски научници.

Истражубачи од универзитетот во Хамбург укажуваат дека се работи за стрес кој е настанат поради развод, отказ, смрт на блиска личност.

Нивните наоди се основаат на податоци собрани од околу 1578 мајки и нивните деца, чие што здравје е пратено 14 години.

Во просек стресот со бременоста  двојно ги зголемува шансите за астма кај децата.

Според научниците, оваа појава била очигледна кај мајки кои не боледувале од астма.


Оставете коментар

___