Да се биде мајка значи да се нема доволно време за себе. Но, не грижете се, со нашите совети ќе бидете во ред и подготвени за тргнување за само неколку минути !
Ние знаеме дека еден од најголемите проблеми кај мајките е тој што тие немаат доволно време да се подготват за работа или за било кое друго излегување. Ако стигнете да бидете пристојни во облеката, често се случува да се нема време за ништо повеќе, па ни шминката.
Избравме за вас пет едноставни чекори за со шминката да се постигне неутрален изглед за само неколку минути и со тоа на вашето лице да му дадете свежина.
Чекор 1
Подлогата
Нанесете ја подлогата за шминка на целото лице и чекајте половина минута, за убаво да се впие во кожата. Во случај да не користите подлога, неа може да ја замени и лесна дневна крема за лице.
Чекор 2
Корекција
Коректор за темни кругови околу очите е нешто што секоја мајка , особено таа која има бебе, треба да ја има меѓу нејзината шминка. При изборот на боја, бидете сигурни да ја одберете таа која ќе одговара на тенот на вашата кожа. Нанесете линија од коректорот под очите, а потоа со прстот нежно утапкајте во регионот на темните кругови.
Чекор 3
Течна пудра
Следниот чекор е да се примени течната основа. За неа, важи истото правило како и за коректорот, изберете ја најсоодветната, слична на тенот на вашата кожа . Ставете малку на двете раце и нанесете ја по целото лице. Бидете сигурни дека ќе не остане на линија на премините од лицето кон вратот, бидејќи тоа ќе даде неуреден изглед.
Чекор 4
Руменило
За да се постигне свеж изглед, изберете руменило во бледо розова боја. Со четка за руменило , нанесете го во пределот од образите, но не премногу високо. Нанесете иста боја на кармин или балзам на усните. Ефектот ќе биде неверојатен.
Чекор 5
Маскара
Последно нешто што треба да направите е да ги поминете трепките со маскара. Употребете ја исклучително темната за најдобар ефект и во три движења сте подготвени за тргање!

You must be logged in to post a comment Login