• Сподели на:

Се чувствувате ли осамени?

___

Дали кругот на пријатели на младите мајки после породувањето се зголемува или намалува?  

Поголем број од младите мајки кажуваат дека се чувствуваат малку изолирано по раѓањето на бебето. Но, новото истражување покажува дека тоа е само привремено! Всушност кругот на пријатели брзо се зголемува.

Мајките со мали деца стекнуваат многу повеќе нови пријатели. Така девојките пред породувањето имаат во просек по 13 пријателки, доколку пак после породувањето имаат дури 22.

Поради некои причини мајките многу полесно стекнуваат нови пријатели/ки и многу подобро им се одвива комуникацијата по раѓањето на детето, отколку пред тоа.

53 % од анкетираните мајки изјавиле дека изненадувачки е фактот што полесно се поврзуваат и воспоставуваат контакт со други откако се породиле, а 70 проценти од нив сметаат дека тоа е поради што мајките имаат многу повеќе заеднички теми за разговор.

Интересно е тоа што 16 % од нив изјавиле дека имаат многу повеќе слободно време откако имаат деца, поради тоа што сега не одат на работа. Мајките најчесто стекнуваат нови пријатели/ки во парк или преку нивни пријатели кои познаваат луѓе кои имаат мали деца.

Омилена тема за разговор помеѓу мајките е породувањето. Четири од десет жени кажале дека со новите пријателки – мајки разговараат и за сексот после породувањето.


Оставете коментар

___