• Сподели на:

Родителска цел број 1 – среќно дете!

___

Секој родител сака неговото дете да израсне среќно и да има безгрижно детство. Секој родител влијае на среќата на своето дете, секој родител со правилно воспитување ја прави среќата на детето.

Некогаш се верувало дека строгото воспитување е правилно и дека само со такво образование може да ја постигне целта. Меѓутоа, докажано е дека тоа не е така, баш напротив обратно е. Да би го воспитувале добро, одговорно, вредно и амбициозно дете, тоа треба да биде среќно и задоволно. Многу е важно да проведувате што повеќе време со своето дете. За тоа време, на вашето лице секогаш да има насмевка, тоа време нека биде резервирано за игра, смеа и забава. Шалете се, смејте се, бидете опуштени со него. Пробудете го во себе детето и присетете се кои работи вас ве радувале во детството. Поделете ги со своето дете. Покажете му колку сте вие среќни додека проведувате време во игра со него, додека не мислите на работата и обврските.

Вашето опуштено и весело однесување никако нема да го загрози вашиот авторитет, туку напротив. Детето со вас ќе се чувствува многу поблиски и полесно ќе комуницира со вас. Подобро ќе се разберете со него и лесно ќе ги решавате сите проблеми.

Пружајки на своето дете весело, безгрижно, опуштено детство, ќе постигнете со негово креативно мислење и му ја зацврстувате неговата самодоверба, му ја зајакнувате внатрешната сигурност. Трудете се да бидете позитивни. Негативните емоции како болест преминуваат од човек на човек, а тоа што никој не сака е дете со негативни емоции.

На детето кое му овозможуваме среќно детство, го воспитуваме да биде среќно, а тогаш му се и најголемите шанси да стане еден ден успешен и среќен човек. Многу полесно ќе стекнува пријателства, ќе биде омилено во друштвото, ќе ги прави и луѓето околу него среќни.


Оставете коментар

___