Пушење, алкохолизам, неправилна исхрана и многу други лоши навики, дури и оние од кои неодамна сме се откажале, се пренесуваат од родителите на децата по пат на ДНК.
Студијата на научниците од Универзитетот во Аделаида, објавена во списанието “Science”, открива дека амбиенталните фактори и здравјето на родителите пред зачетокот имаат многу поголемо влијание на иднината на детето отколку што досега се мислеше.
„Постојат непобитни докази дека освен гените, јајце клетките и сперматозоидите го пренесуваат генетското помнење кое се однесува на лошите навики, како што се пушењето, алкохолизмот, неправилната исхрана, дури и тогаш кога лицето одамна се има откажано од нив“, рече раководителката на истражувањето Сара Робертсон, која ги проучила најавторитативните студии од таа област.
„Здравјето на новороденчето почнува од родителите “, истакнала Сара.
Последните десет години, научниците го следеле начинот на кој клеточната меморија се пренесува на потомството по пат на епигенетика, т.е способностите амбиенталните услови да го активираат, односно деактивираат изразот на гените, без промена на ДНК и генетскиот код.
„Порано се сметаше дека тоа не е важно, дека раѓањето претставува нов почеток. Меѓутоа, вистината е дека детето не настанува од ништо. Тоа со себе го носи „наследството“ од стилот на животот на родителите кое може да го обликува развојот на фетусот и новороденчето“, заклучила австралиската научничка.

You must be logged in to post a comment Login