Соодветна исхрана, опуштен стил на живот, одмор, и некои алтернативни методи, можат да ви помогнат во борбата против мачнини во бременоста.
Мачнините и повраќањето во првите месеци од бременоста можат многу да влијаат на општата благосостојба на жената, но за среќа постојат начини за справување со нив. Разговарајте со својот партнер, членовите на семејството и пријателите во врска со тоа како се чувствувате и не двоумете се дали да побарате помош или не. Но, ако вашата состојба не се подобрува, искористете ги овие совети за да си помогнете.
- Јадете мали оброци, по повеќе пати на ден. Најдобро би било на секои 2 до 3 часа. Намаленото ниво на шеќер во крвта и гладот можат да предизвикаат нагон за повраќање.
- Обидете се да ја надокнадите изгубенате течност. Пијте мали голтки во текот на денот и избегнувајте пиење течности половина час пред и по оброкот. Ако течностите ви пречат, јадете овошје и зеленчук кои содржат многу вода (за летните трудници најдобра е лубеницата, а за зимските портокалите).
- Чајот од нане и минералната вода можат да ви помогнат.
- Избегнувајте зачинета храна, мрсна храна и храна со силен мирис. Ако е можно, јадете ладни оброци, бидејќи мирисите од топлата храна можат да ве надразнат. Исто така, со тек на време ќе сфатите која храна најмногу ви одговара, а која ви предизвикува проблеми.
- Кога ќе почувствувате мачнина, обидете се да ја ублажите со парче интегрален кекс, двопек или лепче на тост. Исто така, пред да станете, изедете неколку крекери. Дадете толку време колку што ви е потребно пред да станете.
- Јадете храна богата со беланковини и сложени јаглехидрати.
- Јадете, шмукајте или мирисајте кришки лимон или лимета.
- Не пушете и не пијте алкохол. Избегнувајте пијалаци кои содржат кинин. Ако не ви пречи, пијте 2 до 3 мали шолјички кафе или чај (бел, црн, жолт и бел) на ден.
- Ѓумбирот е ефективен антидот за мачнините во бременоста. Направете чај од ѓумбир, кекси со ѓумбир или додавајте ѓумбир во храната. Некои истражувања покажале дека ѓумбирот ги ублажува мачнините во бременоста, без негативен ефект на развојот на плодот. Но, сепак бидете внимателни. Не се препорачува внусување повеќе од 1 гр ѓумбир во капсули на ден.
- Земањето витамин Б6 во доза од 50 мг исто така може да ви помогне. Но, пред да почнете да користите Б6, консултирајте се со вашиот лекар.
- Осигирајте си доволно одмор. Стресот и возбуденоста можат само да ја влошат ситуацијата.
- Поминувајте повеќе време на свеж воздух и во проветрени простории.
- Избегнувајте премногу топли простории, бидејќи топлината ја поттикнува мачнината.

You must be logged in to post a comment Login