Секој искусен родител ќе ви каже дека да се биде родител е најдобро нешто што им се случило во животот и дека со задоволство уживаат во таа улога, меѓутоа новите мајки не би се сложиле со тоа. Исцрпеноста, уморот, осаменоста се работи кои најчесто ги опишуваат првите месеци.
Првата година од родителството е монгу исцрпувачка за многу мајки, физички и психички. Дури 65 проценти од испитаните мајки во првите 12 месеци, грижата за детето ја опишале како многу стресна.
Половина од нив изјавиле дека негативните аспекти од родителството, како што се неспиење, збунетос, стрес и хаос, излгегуваат во прв план во одност на позитивните.
Обично дури после 11-от месец од животот на детето, мајките добиваат повеќе самодоверба и позитивните аспекти доаѓаат во прв план.
Голем број мајки по пораѓањето доживуваат голем пад на самодовербата, бидејќи одеднаш сфаќаат дека немаа поима што прават и што би требало да прават.
Половина од испитаниците признале дека помош и објаснување би им биле добредојдени, како и кога некој би ги советувал како да се справат со непроспиените ноќи.
Третина од мајките се прилично збунети кога детето е болно и не знаат што точно треба да прават и како да го негуваат детето.
Оделни мајки посакуваат и некој вид на обука – како да му помогнат на детето да стекне одреден дневен распоред, или како да се носат со многуте обврски.
На прашањето што највеќе им недостига од периодот додека не биле мајки, 55 проценти од жените одговориле, друштвениот живот, а 35 проценти, работата, додека скоро половината патат за своето старо тело.
Резултатите покажале дека и покрај големите промени, повеќето жени успеваат да ги задржат своите стари хобија и интереси.


You must be logged in to post a comment Login