Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Приказна која ќе ве натера длабоко да се замислите

Си бил еден старец кој живеел со својот син, снаа и внук.

Кога западнал во длабока старост, повеќе не бил во можност да јаде нормално, бидејќи неговите раце се треселе, поради што понекогаш му паѓала храната од раце.

Еден ден на старецот му паднала чинијата со храна и се скршила, на што неговата снаа многу се налутила и побарала од сопругот да најде некое решение.

Синот размислил, па одлучил да направи дрвен сад за неговиот татко, за да не ја истура храната на под. Синот и снаата почнале многу често да го тераат старецот да јаде сам, одвоен од семејството.

Старецот бил многу тажен поради чувството дека е отфрлен од семејството на стари денови и присилен да јаде сам додека сите останати членови на семејството јадат заедно.

Како што одминувало времето, забраните од страна на синот и снаата се повеќе се зголемувале, и старецот повеќе не можел да го поднесе тоа…

По неколку месеци старецот починал.

Откако ритуалот на испраќање се завршил, сопружниците сакале да се ослободат од старите работи на дедото, па им ги дале на сиромашните.

Одеднаш внукот дотрчал и го земал дрвениот сад, на што неговиот татко прашал: “За што ти е тој дрвен сад? Што ќе правиш со него?”

Момчето одговорило:

“Сакам да го зачувам, за да можам да ве хранам тебе и мама кога ќе остарете како дедо”.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement