Храбри, вредни, независни , способни и полни со љубов … Токму такви се самохраните мајки ! Откријте пет факти по кои тие се идеални љубовни партнерки .
Многу мажи сериозно ќе размислат дали треба да стапат во врска доколку жената која им се допаѓа е самохрана мајка. Најчесто се откажуваат од врската со жена која има дете заради предрасудите кои преовладуваат во современото општество, а кои беа актуелни и порано.
Сепак, тоа се само предрасуди и заблуди. Една од нив е дека овие жени се обидуваат да најдат замена за таткото на детето , која нема многу врска со вистината. Гледањето со самохрана мајка ретко има лошо искуство . Покрај тоа, постојат бројни предности во љубовната врска со една зрела жена, која е независна , способна, интелигентна , реализирана во најдобрата улога во која може да се најдат, жените – улогата на мајка.
Затоа, важно е самохраната мајка да излезе од нејзината сенка и да и признаеме дека и таа знае да се забавува и да посакува. И тоа никако не треба да биде тајна. Зошто би било?
Дознајте кои се предностите во врската со мама- херој.
Уживање во одличен секс.
Ако имате околу 40 години, вие сте на врвот на вашиот сексуален живот. За вас, експертите имаат одлични вести: речиси и да нема самохрана мајка која е лоша помеѓу чаршави. Поголемиот дел од самохраните мајки се излезени од лоши врски, и се подготвени да го истражуваат сексот, да пробаат нови работи, целосно да уживаат во својата новооткриена слобода.
Биолошкиот часовник не им пречи.
Постојат мажи кои се загрижени и исплашени кога жената на почетокот на врската, по два или три месеци, планира потомство. Ако ова е вашата загриженост, самохраната мајка е вистинскиот избор за вас – таа е веќе мајка на еден (или повеќе) мали личности. Ако посака повеќе деца, за тоа ќе зборува подоцна, но сигурно не на самиот почеток од врската.
Таа е независна и силна.
Се разбира дека како и секоја друга жена ќе сака да се реши проблемот, кога тоа се случува, но и доколку самохраната мајка изјави дека треба сериозно да се зборува. Таа нема да плаче, нема да дава нелогични причини за своето лошо расположение и нема да претера со поплаки во врска со вашето однесување. Единствена желба и е една чаша вино и разговор за вашите проблеми како возрасни особи.
Самохраната мајка е суперхерој!
Жените кои сами ги воспитуваат, негуваат и се поддршка на нивните деца се меѓу најмоќните личности на планетава. Тие се стабилни и способни, и ништо не може да ги изненади. Секаде присутни и знаат речиси сè, а понекогаш ќе делува како вашата партнерка да има магиска моќ – дека може да лета, да го забавува или забрзува времето и две јајца, грст брашно и јаболко во еден момент ќе го претвори во вкусна торта!
Секоја мајка е зрела.
Самохраните мајки родиле дете (или повеќе деца), ги одгледуваат, се грижат за нив, се соочуваат со детските болести, со несоница, со училишниот стрес … Тие се разведени или вдовици, а сега самите ја издржуваат нивната млада фамилија. Дали навистина мислите дека една таква жена ќе прави драма од љубовната врска? Не, не, затоа што таа самохрана мајка е силна жена која израсна и има големо искуство, дури и ако таа е многу млада. Таа е зрела и реална и нема да започне детска кавга со вас, ако на време не и одговорите на пораката – навистина, дури нема ни забележи дека не сте и одговориле.

You must be logged in to post a comment Login