• Сподели на:

ПОМОГНЕТЕ МУ НА ВАШЕТO ДЕТЕ ДА ПРОЗБОРИ ПОБРЗО

___

Исклучете го телевизорот или радиото во позадина. 

Детето побрзо ќе ги апсорбира зборовите доколку примарно ги слуша нив, а не звуците во позадина.

Правилно повторувајте му ги зборовите.

Доколку вашето дете половично ги изговара зборовите, не го поправајте, туку кажувајте му го целиот збор. На пример, доколку вели ба, за баба, кажете му: така е, тоа е баба.

Именувајте ги предметите.

Кога сте заедно, на пример за време на вечера, не заборавајте да му ги именувате зборовите како лажица, чинија и сл. и охрабрувајте го да повторува по вас.

Иако на почеток ќе изговара само една или две букви, фалете го постојано за вложениот напор.

Пејте му песнички 

Повторувањето и пеењето е одличен начин да го научите вашето дете да се интересира за зборовите и да ги повторува звуците.

Прашајте го вашето дете за мислење

Кога разговарате со вашето дете, оставете му простор да ви “одговори”.

Со ова ќе го научи ритамот на разговорот, а тоа ќе го охрабри да учествува.

Пред да прозбори, ќе има многу што да каже преку мимики, гестови, крици, гласови и сл.

Задолжително одговорете на овие негови обиди за разговор.


Оставете коментар

___