Во големи фамилии најмладите деца можеби и не добиваат внимание од родителите колку што би требало, но добар однос со постариот брат или сестра е добра замена, покажуваат истражувањата.
“Колку поглема фамилија толку детето има посиромашен речник, бидејќи родителите немаат доволно време да му посветат”, истакнува Џенифер Џенкинс од универзитетот во Торонто.
Кога парот ќе добие второ дете, вниманието кое го го добило првото е преполовено, а тоа е уште поизразено во фамилии со повеќе од три деца.
За да се утврди дали постарите деца навистина ја пополнуваат таа празнина, истражувачите анализирале 385 деца, кои имаат најмалку 4 години постар брат или сестра.
Пратена е нивната комуникација, а особено брзината со која најмладите членови можат со зборови да идентификуваат објекти на покажани фотографии.
Се покажало дека децата од поголеми фамилии покажуваат послаби резултати, посебно ако постарите браќа или сестри немаат богат фонд на зборови.

You must be logged in to post a comment Login