Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Пет невообичаени особини кои децата ги наследуваат од родителите

Веднаш по раѓањето на бебето сите се трудат да пронајдат сличност со родителите. Од големиот број карактеристики, кои ќе ги забележите има и некои необични особини, за кои веројатно не сте забележале дека всушност се наследени од родителите.

Од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, формата на носот и други физички обележја.

Сепак од големиот број карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, се наоѓаат и некои необични особини, за кои веројатно не сте претпоставувале дека се „генетски“.

Синдром на кивање

Дали ве тера гледање директно во сонце на кивање? Или кивате два до три пати кога од темината на киното ќе излезете во осветлено фоаје? Во прашање е необичен синдром, кој се наследува од своите родители.

Немате толеранција на алкохол

Ако после неколку испиени голтки црно вино се чувствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на вашите родители на ниската толеранција на алкохол.

Стегање на рацете

Свиткајте ги прстите на двете раце заедно како да сакате да молите (без размислувања). Како ви стојат палците? Голем број на луѓето палецот од левата рака го ставаат на десната рака.  Обидете се да ја замените положбата – чудно се чувствувате зарем не? Луѓето кои „природно“ ги држат рацете во обратната поза од вообичаената тоа го наследиле од нивните родители.

„Ген“ na популарност

Ако sте комуникативнa, отворенa и популарна личност во вашето друштво и на работното место, можно е „генот“ на популарност да сте го наследиле од вашите родители.

Виткање на јазикот

Можете ли да го свиткате јазикот во пакет. Верувале или не, но оваа моторичка вештина ја немаат сите луѓе, а е пренесена од страна на мајката или таткото.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement